Дебитираше пред три недели, а веќе е распродаден

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата за суперавтомобили од Хрватска, Rimac може да се пофали дека има направено исклучително постигнување и тоа само три недели после дебито на новото возило C_Two. Целата серија на ова возило е продадена, а не станува збор за голем број со оглед на тоа што од овој електричен хиперавтомобил ќе бидат произведени само 150 примероци. Сепак, треба да се има предвид фактот дека екслузивноста е една од најважните црти на Rimac.

Далеку повпечатлива е цената на автомобилот. Основната цена на машината е 2,1 милион долари, а информациите велат дека сопствениците не штеделе, па при опремувањето на нивните возила потрошиле уште околу 600.000 долари по примерок.

Агрегатите на новиот електричен хиперавтомобил ќе произведуваат цели 1914 коњски сили, а ќе имаат 2300 Нм вртежем момент и ќе забрзуваат од 0 до 60 милји за 1,86 секунди.

На тој начин возилото од Хрватска добива една четвртина поголема моќност од онаа што ја има Bugatti Chiron. Ова возило има 1500 коњски сили, па заостанува зад новиот Rimac.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK