Дали знаете: Колку е носивоста на камион на Tesla? (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Tesla ги споделуваат техничките и динамични карактеристики за идниот елекетричен камион, но и до моментов уште ги чуваат во целосен молк податоците за носивоста на Semi. Видео, снимено на автопат во Калифорнија, сепак, дава извесен увид за овој важен параметар.

Клипот го покажува Semi за време на тестирањата за оптоварување. Камионот ја вози својата приколка со девет бетонски блокви со тежина од околу 1800 килограми секој, што означува товар од 16 тона. Заедно со камионот кој тежи околу 7.000 килограми тоа би требало да даде композиција која достигнува 23 тона.

Сепак, капацитетот на Tesla Semi зависи од модикацијата (Standard ќе може да поминува 480 километри со едно полнење, а Long Range – 800 километри). За поголема дистанца треба потешка батерија.

Според последните податоци електричниот влекач на Елон Маск  ќе забрзува од 0 до 97 км/ч за 20 секунди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK