Дали сте слушнале за Renault Clio пикап со шест тркала?

ОБЈАВЕНО НА:

Во денешно време автомобилите со шест тркала не се особено популарни, иако Mercedes одново ги врати во мода со својот G-Klasse 6×6. Специјалистите за подесување исто така експериментираат со вакви автомобили, но тие секогаш се засновани на големите СУВ машини како Ford Raptor, Range Rover итн.

Исто така постојат и креации со шест тркала на база на Lada Niva, Dacia Duster, па дури и на Smart.

Друго нестандардно возило, кое е во верзијата на пикап, располага со три оски и шест тркала и е направено на база на… Renault Clio. И покрај преработките возилото останува со преден погон.

Уште почудно е тоа што моторот е 1.5-литарски со моќност од 82 коњски сили. Турбодизеловиот мотор има прилично добар вртежен момент, а двете оски одзади дозволуваат преност на тешки предмети. Renault Clio со шест тркала е снабденот и со стандарден петстепен менувач.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK