Daimler ќе вози само на струја

ОБЈАВЕНО НА:

Сите модели на Smart со внатрешно согорување во САД и Канада ќе бидат повлечени од пазарот годинава и целосно ќе бидат фокусирани на електрични модели.

Ова го потврдил и Дитмар Ексел, главниот извршен директор на Mercedes-Benz во САД.

„Развојот на микро автомобили носи и некој предизвик за сегашното производство на Smart. Затоа со промовирањето на четвртата генерација на Smart ForTwo на електричен погон што ќе биде летово, понудата на Smart ќе се состои само од електрични возила со нулта емисија на Smart електрични возила, купе и кабриолет за САД и КАнада“, вели Ексел

Според пишувањето на Аутомотив Њуз, стандардните Smart ForTwo купе и кабриолет модели нема повеќе да се нудат по моделската 2017 година, и ќе престанат да се нудат во Северна Америка во април.

Последната генерација на електричниот Smart ForTwo се појави неодамна, но портпаролот на компанијата Роб Моран изјави дека електричните варијанти на претходната генерација на Smart се движи околу 30 отсто од локалната продажба на брендот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK