Citroen смени имиња на два автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

C4 Picasso и Grand C4 Picasso добијa нови имиња и во иднина ќе се нарекуваат C4 SpaceTourer и Grand C4 SpaceTourer. Оваа информација ја соопштија од Citroen. На тој начин заедно со истоимениот микробус од семејството SpaceTourer веќе има три возила.

Неодамна C4 Picasso и верзијата Grand со седум седиштa беа обновени. Модернизираните автомобили се одликуваат со унифицирани предници, различни светла за 3D ефекти и нови бандажи.

Сите модификации на C4 SpaceTourer веќе се опремуваат со мотор на бензин со моќност од 150 коњски сили и шестстепен автоматски менувач. Верзијата Grand може да се порача исто така и со дизел мотор со 115 коњски сили и механички менувач со шест брзини.

Во 1999 година Citroen на семејството на Пабло Пикасо му плати за правото да го крсти со неговото име тогашниот микробус Xsara Picasso. Тогаш создаде сериозни тензии во семејството на големиот уметник откако неговата незадоволна внука го даде на суд својот чичко Клод поради договор со компанијата од Франција. Марина Пикасо не беше согласна името на нејзиниот дедо да биде поврзано со автомобил.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK