Citroen доби сертификат: вози 55 км. на струја и 100 км. со 1,4 литри гориво

ОБЈАВЕНО НА:

Citroen објави дека новиот и прв plug-in-хибриден SUV модел, C5 Aircross Hybrid ја поминал официјалната програма за сертификација. Според нејзе автомобилот може да се движи 55 километри во чисто електричен режим, и 100 км. да мине во комбиниран режим за што му се потребни само 1,4 литри гориво.

Citroen C5 Aircross Hybrid беше претставен за прв пат во светот во Брисел и ги има сите познати елементи од класичната модификација на возилото, во комбинација со приклучок за полнење со хибриден погон со максимална моќност од 225 коњски сили. Има бензински мотор PureTech 180, електричен мотор со 109 коњски сили, модул за батерии и 8-степен автоматски менувач.

Citroen го нуди C5 Aircross Hybrid во Франција по цена од 39.950 евра или со месечна рата од 309 евра месечно.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK