Чудно сообраќајно правило: Казна ако нешто виси под ретровизорот

ОБЈАВЕНО НА:

Ретровизорите обично се место на кое возачите се подготвени да стават сè што во тој момент се чини важно. Дали се работи за освежувач за воздух со некаква арома во форма на бор, можеби некој крст или некој друг верски симбол, но и нешто што асоцира на вашата љубов кон некој фудбалски клуб.

Сепак, ова не е препорачливо секаде. Во Велика Британија со таква висечка гарнитура би можеле да се најдете во големи проблеми бидејќи таму опструкцијата на видното поле на возачот се плаќа со точно 100 фунти.

Значи, со мирисното борче си ризикуате казна, но тоа не е сè. Имено, осигурителните компании посебно се сензибилни на ретровизорската галантерија, па во случај на сообраќајна несреќа можат да ви ја скратат исплатата на средствата ако проценат дека таа ви го блокирала видното поле.

Законот јасно кажува: шофершајбната мора да биде чиста односно на неа не смее да има опструкциски елементи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK