Бум на регистрации на електромобили во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Во последните денови Асоцијацијата на автомобилски производители во Европа (ACEA) посочи дека во првата четвртина од 2019 година во Европа е забележан бум на регистрација на модели со целосно електричен погон.

Првите три месеци од годината во Европа се регистрирани 61.789 целосно електрични автомобили што е раст од 84,4% во споредба со истиот период во 2018 година. Импресивен напредок во побарувачката на тие автомобили со алтернативен погон се забележани и во Данска (+419% до 1007 единици), Ирска (+408.9% до 1435), Белгија (+140% до 2196), Финска (+170%), Полска (+177%) и други.

Податоцита од Асоцијалицата на автомобилски производители во Европа покажува исто така и дека во првите три месеци од 2019 година е забележан и пад за регистрација на дизел возилата за 18,2 проценти.

Воедно според податоците на АСЕА во првите три месеци е регистрирано дека 60% од новорегистрираните возила биле со мотори на бензин, додека учеството на дизел возилата е намалено до 32,2%. Моделите со алтернативен погон формираат 8,5% од миксот.