Bugatti се откажа од поставување брзински рекорд (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Шефот на Bugatti, Штефан Винкелман објави дека Chiron нема да направи обид за подобрување на светскиот рекорд за брзина со сериоски автомобил. Менаџерот на тој начин ги потврди гласините дека неверојатното хипервозило со моќност од 1500 коњски сили официјално нема доволно сили за да се натпреварува со Koenigsegg Agera RS.

Кога Chiron беше претставен во 2016 година сите очекуваа дека падот на рекордот на Veyron SS е само прашање на време. Моделот веднаш беше објавен за најбрзиот сериски автомобил од страна на Џереми Кларксон во една од епизодите од втората сезона на The Grand Tour’s. Пред излегувањето на серијата Koenigsegg Agera RS успеа да достигне 447 км/ч.

„Обид за подобрување на светскиот рекорд не е на дневен ред. Динамиката има различни мерења и освеш што е хиперавтомобил, Chiron има многу повеќе шанси од другите возила“, вели Винкелман.

Какви се точно мотивите на Bugatti за да се откаже од обидот за подобрување на рекордот за брзина знаат само во раководството на компанијата. Во септември во 2017 година Chiron успеа да го оствари најјдоброто постигнување за забрзување од 0 до 400 км/ч и после тоа дојде до целосно повлекување што беше доста рекламирано.

Само неколку недели подоцна Koenigsegg  му ја однесе титулата и оттогаш Bugatti е повлечен во трката со рекордите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK