Brеmbо покажа блескави сопирачки

ОБЈАВЕНО НА:

Една од најпрепознатливите  компании штом стане збор за сопирачките, Brеmbо, покажа нов вид на сопирачки за мотори, кои располагаат со LЕD светла. Покрај подобра визија, сопирачките можат да бидат користени и за различни извесувања на возачот.

Од компанијата соопштуваат дека сопирачките можат да се користат за сигнализирање на тоа кога треба да бидат заменети подлогоите или, пак, за тоа да бидат користени како „стоп светла“, кои светат кога моторот ја намалува брзината.

 

Сепак, главнта функција останува повеќе визуелна бидејќи преку апликацијата на телефонот може да се избере во кои бои ќе светат сопирачките или, пак, да одберете различни режими на смена на бои и дизајни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK