BMW го објави промо видеото за Z4 (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

По премиерата на продукциската изведба на саемот во Париз, а само неколку денови по официјалниот старт на производството, германскиот производител BMW на својот официјален YouTube канал го објави првото промо видео за моделот Z4.

Моделот Z4 кој е развиен во соработка со Toyota, во полуминутното видео е спореден со најсовршената заоблена фигура. Со ова BMW ја потенцира стабилноста во движењата на свиоците, а воедно и совршеното придвижување.

Овој модел има типични за родстер пропорции: долго меѓуоскино растојание, долга хауба и кратoк заден дел. Главниот фокус на предната страна е т.н. „носот на ајкулата“ како кај Concept 8 series. Во моментов шпекулациите кажуваат дека BMW планира кубе и plug-in изведба на овој модел кој во Македонија се очекува да пристигне во првиот квартал следната година.

Инаку првата генерација на Z серијата на BMW се појави во 1989 година кога германскиот прозиводител го лансираше Z1 моделот. Од тогаш па се до денес се лансирани пет генерации, а две од нив се однесуваат на Z4 моделската изведба. Z4 моделот за прв пат се појавува во рамките на четвртата генерација на Z серијата на BMW, а најзаслужен за изгледот на овој модел е данскиот дизајнер Андерс Варминг

Следете не и на:

24AUTO NETWORK