Bеntley што чини колку Duster

ОБЈАВЕНО НА:

Возилото Bentley Arnage од 1999 година се продава за цена од 692.259 гривни (22.668 евра) на аукција на конфиксуван имот во главниот град на Украина, Киев. Според информациите возилото било сопственост на Давид Жванија, поранешен заменик на Јулија Тимошенко.

Автомобилот долго време е без движење, пред да биде конфискуван. Според документите тој спаѓа на листата на имот одземен на 26 февруари годинава.

Ова е е првиот егзотичен автомобил, конфискуван од Давид Жванија. Неодамна, на аукција беше продаени неговиот Morgan Aero 8.

Темнозеленото Bеntley е опремено со 4,4 литарски V8 од BMW со можност од 350 коњски сили и автоматски менувач. Наддавањето е предвидено за 11 април, а учесниците на аукцијата ќе треба да уплатат депозит од 1.133 евра.