Бегајте од нив: Автомобили кои најмногу ‘рѓосуват (2005-2014)

ОБЈАВЕНО НА:

Технологијата за обработка на метал против рѓа не е тајна и автопроизводителите одамна требаше да ги решат проблемите со корозијата. И покрај тоа сè уште има некои нови автоомбили, кои продолжуваат да страдаат од овој непријатен проблем.

Рускиот автомобилски портал NJСАR состави анти рангирање на петте најрѓосувачки модели произведени меѓу 2005 и 2014 година. Повеќето од нив се доста популарни и на секундарниот пазар на Балканот.

На 5. место во антикласификацијата се наоѓа Fоrd Mоndео oд периодот 2006-2010. Неговата антикорозивна заштита не им создава грижи само во првите пет години. После ова почнуваат да се појавуваат ‘рѓосани гнезда, а како најранливи места се праовите, браниците и подот.

Четвртата позиција во рејтингот на NJСАR ја зазема Mаzdа6 (2005-2008). Околу четири години после купувањето веќе почнуваат да ‘рѓосуваат браниците и подот.

Уште полоша е ситуацијата кај возилата произведени во 2005 и 2006 година кај „Nissan Almеra“, После 3-4 години почнува корозирање, а од NJСАR овие возила ги нарекуваат „храна за грабливци“.

На второто место во оваа антикласификација се наоѓа Оpеl Аstrа (2005-2012). Корозијата не само што ги напаѓа подот и браниците, туку и долниот дел од вратите и дури и хаубата.

Шампион на оваа листа меѓу најкорозирачки модели произведени од 2005 до 2014 година без конкуренција е Gееly Еmgrаnd X7. Каросеријата на кинескиот кросовер не само што не е поцинкувана туку е покриена со бои и лакови, кои се апсолутно немоќни против ‘рѓата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK