Автопилотот на Tesla ќе заобиколува дупки!

ОБЈАВЕНО НА:

Системот за автономно управување во електромобилите на Tesla ќе биде обучен да избегнува дупки на патот, а ова го објави Елон Маск. Слично на други подобрувања во автопилотот и тој е одговор на молба на клиент на компанијата.

Неодамна системот составен од камери, радар и ултразвучни сензори доби овновување кое ја оптимизира работата на функцијата Navigate on Autopilot. Благодарение на ажурирањата, американските електромобили веќе ќе можат да излегуваат самостојно од излезите на автопатите и да се ориентираат во сообраќајните јазли, за што досега се бараше санкција на возачот.

Во февруари во „Tesla“ возилата се појави „кучешки“ режим разработен за заштита на домашните миленици од горештините во внатрешниот дел од автомобилот. При активирањето, вратите се заклучуваат, а прозорците се затвораат цврсто, но аудио системот и климата продолжуваат да работат. На екранот на мултимедијата се појавува натпис „Сè со мене е в ред. Сопственикот наскоро ќе се врати“.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK