Автономниот Audi Aicon на патиштата од 2021 година!

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител го презентираше концептниот модел Aicon на саемот за автомобили во Франкфурт во 2017 година, но тогаш не беше потврдено дали нивниот нов концепт ќе го види светлото на денот односно дали ќе дојде до негово сериско производство. Сепак, оваа недела официјално беше потврдено дека Aicon ќе влезе во сериско производство.

За сега, тешко е да се каже колку серискиот модел ќе се разликува од концептот. Во секој случај, концепт моделот привлече големо внимание со својата каросерија, кратките преклопувања пред и зад задните тркала, со ветробранското стакло, тесните странични прозорци и единствени фарови и задни светла.

Се очекува дека серискиот модел ќе има барем сличен, ако не и со иста архитектура, односно ќе има четири електрични мотори кои ќе произведуваат 348 коњски сили и 550 Nm вртежи, а со едно полнење ќе може да оствари домет и до 700-800 километри што секако е повеќе од солиден перформанс.

Бидејќи сме уште неколку години далеку од серискиот модел, можно е дека има и поголема автономност. Кога ќе биде претставен, Audi Aicon ќе биде директен конкурент на BMW iNEXT, целосно електричен и автономен, луксузен модел кој исто така треба да се воведе до 2021 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK