Австралиската полиција ќе се вози во Kia Stinger

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијаа во градот Квинсленд во Австралија ги менува возилата за патролирање, а полицајците во иднина ќе се возат во Kia-Stinger и тоа во верзија за возење 4х4. Брендот од Кореја е многу популарен во Австралија, а сега успеа и да победи со традиционалниот избор на полицијата Holden Commodore и Ford Falcon.

Од градот се порачани 50 возила, а според непотврдена информација, Киа наскоро ќе почне да ги доставува автомобилите и во други градови во земјата каде полициските управници веќе организирале нарачка за нови возила.

Полициската верзија на Stinger е базирана на топ варијантата на моделот и се движи од 3,3-литарски V6 мотори со две турбини. Моторот работи со 8-степен автоматски менувач и има моќност од 370 коњски сили и максимален вртежен момент од 510 Nm. Максималната брзина е 270 км/ч, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч се случува за 4,9 секунди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK