Aurus распродаде сè за следните две години

ОБЈАВЕНО НА:

Производството на брендот Aurus за следните две години е целосно распродадено, а менаџетот на компанијата засега не открива колку автомобили се порачани.

„Со гордост можеме да кажеме дека дека ниту во 2019 ниту во 2020 година нема да има можност да се купи автомобил Aurus, бидејќи веќе има листа од лица што чекаат на ред за ова возило во период од две години“, стои во соопштение од компанијата.

Тоа зборува за интересот за овој автомобил, но и за предизвикот да се произведуваат современи луксузни автомобили во Русија, кој станува сè поголем.

Автомобилите Aurus се произведуваат од Централниот научноистражувачки автомобилски и автомоторен институт  (НАМИ). Планираниот тираж е 300 возила годишно, а сите модели се опремени со 4.4-литарски V8 мотор со моќност од 600 коњски сили, електричен мотор-генератор и деветстепена автоматска трансмисија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK