Аudi се враќа во WRС! (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Од Аudi најавија дека ќе се вратат во светскиот рели шампионат во текот на ова лето, иако од брендот немаат одицијално подготвен автомобил за таму. Проектот а кој се зборува и кој може да биде виден во видеото е дело на тимот на Матијас Екстром и компанијата Rаlly Tесhniс.

Тој е на база на последната генерација Аudi А1, која е редизајнирана за да ги покрие сите потребни барања и да им конкурира на другите автомобили.

Во моментот Аudi тестира на снег, а во следните недели тестовите ќе се префрлат и на асфалт. Се очекува автомобилот да биде подготвен наскоро и да се вклучи во трките во текот на ова лето.

Под хаубата работи 1.6-литарски бензиец со 263 коњски сили, кои предаваат вртежен момент кон четирите тркала, преку секвенцијален 5-степен менувач.

Иако автомобилот не беше официјално развиен од Аudi, тој ги користи боите на оригиналното Quаttrо, како референца кон легендата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK