Audi го запира производството на SQ5

ОБЈАВЕНО НА:

Неофицијални информации коишто ги пренесуваат медиумите од Велика Британија велат дека Германците планираат да го запрат производството на спортскиот СУВ SQ5.

Ваквото преминување на производството нема да биде постојано туку се работи за времен процес. Инаку, причината за ваквата одлука во Audi има вина во друг момент, а се работи за новиот режим на отчитување на реалната потрошувачка на горивото, WLTP. Откако BMW и Mercedes-Benz одлучија да ги запрат моторите со 12 цилиндри, сега и во Audi одат на таков чекор.

Причината за ваквата одлука оди кон тоа што Audi Има потреба од неколку дополнителни месеци за да го подготви џипот за WLTP мерењата. Официјалниот став на компанијата е дека едноставно бројките во производството веќе го достигнале лимитот за оваа година, но очигледно причината е онаа која е објаснета во медиумите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK