Арнолд Шварценегер го возеше во Терминатор 2, а сега оди на аукција

ОБЈАВЕНО НА:

Мотоциклот од брендот Harley-Davidson, кој беше возен од Арнолд Шварценегер во филмот „Терминатор 2: Денот на страшниот суд“ ќе биде понуден на аукцијата Icons Legends of Hollywood Auction заедно со уште неколку други модели. Се очекува црниот FLSTF Fat Boy да биде продаден за сума меѓу 200.000 и 300.000 долари.

Километражата на моторот е 631 километар, а бил користе од страна на студиото Carolco Pitures. Има оштетувања и вдлабнатини на браниците добиени од снимањата, а има и три места на седиштето каде има оштетувања.

Недостигаат и страничните ретровизори, а нема други детали околу техничката состојба на мотоциклот.

Покрај ова на аукциската куќа Profiles in History, ќе постави на аукција други реквизити од истиот филм како кукли, макети и облека. Воедно таму ќе биде понудена и регистрациската табла на моторот “CA 91 9A7218” која ќе се продава одделно од мотоциклот, а се очекува сума од 1000 до 1500 долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK