Анкета: Над 50 отсто од возачите не им веруваат на автономните возила

ОБЈАВЕНО НА:

Автономните возила во целост ќе ја редефинираат индустријата, но и нашите навики како возачи. Kолкумина од нас имаме доверба контролата врз возилото да ја препуштиме на автоматски пилот и дали во такви услови би се чувствувале безбедни?
Според досегашните истражувања се чини дека за само мал дел возачи ова е прифатлива опција.

Последното истражување спроведено од Gartner Consumer Trends in Automotive, кои анкетирале 1500 лица во САД и во Германија нуди одговор токму на прашањето дали би се возеле во автономно возило. Анкетните прашања се однесувале и на тоа кои се размислувањата на возачите во однос на возилата.
Значајни 55 проценти од анкетираните се изјасниле дека не би се возеле во целосно автоматизирано возило. Додека 70 проценти изјавиле дека со задоволство би се возеле во полуавтономно возило зашто по потреба може да ја преземат конторлата врз возилото.

Истражувањето покажува дека е голем бројот на лица кои воздржуваат од возење со автономно возило зашто се плашат од дефектите што може да му се случат на самовозечкото возило. Односно за нив возилото не е побезбедно од обичните електрични уреди коишто се користат во домаќинството, а што секојдневно се расипуваат. Всушност повеќето анкетирани се загрижени дека во непредвидливи сообраќајни сценарија автономниот систем може да се збуни или да откаже.

„Главниот проблем е што луѓето се плашат да бидат во возила врз кои немаат и не можат да ја преземат контролата. А, ако сакаме автономните возила да станат успешни, не смееме да дозволиме луѓето да влезат во возилото и внатре да се чуствуваат изгубено“, вели Мајк Рамсеј од Gartner во интервју за CNBC.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK