AMG го претстави најмоќниот хечбек во светот (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes-AMG го избра „Фестивалот на брзината“ во Гудвуд за премиера на новата генерација на ексремниот хечбек А45. Заедно со него дебитираше и седанот CLA 45, а продажбите на моделите почнуваат во текот на есента.

Станува збор за најмоќниот и брз автомобил од компактната класа во светот.

Снабден е со 2.0-литарски турбо мотор со 387 коњски сили во стандардна верзија и 421 со А45 S. Вртежниот момент е 480 и 500 Нм.

Со новата осумстепена менувачка кутија со двојна спојка забрзувањето од 0 до 100 на А45 му одзема четири секунди, а на A45 S – 3,9.

Максималната брзина е ограничена на 250 и 270 км/ч.

Новиот A 45 се познава лесно по огромната решетка, аеродинамичниот пакет и спојлер на кровот.

Тркалата на стандардната верзија се 18-инчни, а на A45 S – се 19 инчни.

Внатрешниот дел е тапациран со кожа и алкантара со контрастни жолти додатоци.

Воланот и седиштата се спортски и се менува табелата на виртуелни инструменти.