Аlfa Romeo се откажува од 4C купето

ОБЈАВЕНО НА:

Производството на спортското купе Alfa Romeo 4C ќе биде завршено, а причина за ваквата одлука е во слабата побарувачка и незадоволството од продажбата. Откриената верзија на моделот, сепак, ќе продолжи да биде во понудата иако ќе има зголемена цена од 65.000 на 66.900 долари.

Според податоците на порталот CarSalesBase купето 4С предизвикува сè послаб интерес кај купувачите. Ако во 2015 година во САД биле реализирани 663 продажби, во 2016 и 2017 година бројките се послаби. Продажбата паднала на 492 и 402 примероци. Во истиот период во Европа се купени 1047, 1179 и 871 возило.

Alfa Romeo го претстави 4С во 2014 година. Купето е опремено со четирицилиндричен турбомотор со работен обем од 1.750 см3 и моќност од 240 коњски сили, комбиниран со шестостепен роботизиран менувач со две спојки.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK