Ако патувате во БиХ: Поригорозни казни за прекршоци

ОБЈАВЕНО НА:

Во БиХ е донесен нов закон за безбедност во сообраќајот кон предводува поригорозни казни за прекршителите. Ако патувате во оваа земја, бидете внимателни околу почитувањето на правилата.
Предвидено е дури и каза ако совозачот е пијан!

Надминување на дозволената брзина на патиштата за 30 или повеќ екилометри сега е петпати повисока и изнесува 1.000 марки (500 евра). Ако пат имате 1,5 помил алкохол во крвта сега ќе платите 200 евра и плус ќе ви ја одземат возачката дозвола.
Ако заборавите да го ставите безбенсниот ремен ќе платите 50 евра, а доколку превезувате пијан сопатник во до вас тогаш казната е 20 евра.

Решите ли да го користите мобилниот телефон додека возите, тогаш подгответе 150 евра за казна.

Во БиХ сега е дефинирано со закон дека оние возила што се веќе во кружниот тек имаат предност во однос на оние што се подготвуваат да се вклучат. Забрането е и доколку сте пешак и се движите по коловозот да користите телефон или слушалки на ушите.

Ако сте млад возач, и немате искуство од најмалку две години, тогаш неможете да управувате возило во периодот од 24.00 до 05.00 часот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK