Ако имате 269.274 евра ќе имате и Porsche 911 Speedster (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Porsche своето најново издание на моделот 911 Speedster го претстави премиерно на саемот за автомобили во Њујорк, а како и досега Speedster е базиран на претходната генерација на бесмртниот модел 911 и тоа е традиционалниот поздрав на Porsche на серијата 991.

Основната цена на новиот Speedster во Германија изнесува 269.274 евра. Купувачите (покрај екслузивитетот кој го обезбедува фактот дека ќе биде произведен само во 1.948 примероци) можат да сметаат и на автомобил со карактеристична каросерија дополнета со неколку јаглеродни панели и елементи кои Porsche ги нудеше на моделите 911 R и 911 GT3.

Покрај платнениот кров кој се собира и кој е управуван рачно, традиционалните вредности стигаат и со атмосферски 4-литарски 6-цилиндричен боксер мотор кој развива 510 коњски сили при 8400 вртежи во минута, како и пренос на задната оска кој се врши исклучиво со посредство на рачниот менувач со 6 брзини.

Најновиот потсетник на Porsche на легендарниот модел 356 „No.1“ Roadster, кој е претставен во 1948 година, од 0 до 100 км/ч пристига за четири секунди и развива 310 км/ч. Книгата за нарачки веќе е отворена, а производството стартува на средина од годинава

Следете не и на:

24AUTO NETWORK