Suzuki ги обединува силите со Tоyоtа

ОБЈАВЕНО НА:

Откако Suzuki ја прослави стогодишнината во текот на минатата година од компанијата објавија план за тоа што ќе прави во следните пет години.

Од април во 2021 година до март 2026 година ќе бидат вложени 9,45 милијарди долари, поголемиот дел од нив ќе бидат поврзани со електрификација на сегашните модели на брендот и развојот на нови.

Поради големите трошоци и релативно малиот размер на компанијата, таа ќе работи заедно со Tоyоtа и ќе ги користи технологиите со кои брендот веќе располага. Всушност, тоа не е новина откако беше виден plug-in хибридот Suzuki Асrоss, кој на практика е идентичен со последната верзија на Tоyоtа Rаv4.

Според информацијата, добиена од Suzuki, компанијата очекува релативно мал приход од околу 5,5% за следните пет години, поради високата инвестиција која ја имаат. Компанијата ќе се фокусира на електромобилите во Индија, каде што држи 50% од пазарот за автомобили во моментов.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK