Supercharger за секого: Сите возила ќе можат да ги користат станиците за полнење на Tеslа

ОБЈАВЕНО НА:

Станиците за полнење на Tеslа ќе бидат отворени за користење и за сопствениците на електромобили од другите брендови до крајот на оваа година. Оваа информација беше соопштена од страна на Елон Маск, кој ја објави на неговиот профил на Твитер.

Во моментов таканаречените Supеrсhаrgеr, беа резервирани само за автомобили од брендот бидејќи тоа беше обезбедено од специјален конектор кој одговара само за возилата на Tesla.

Во моментов на сајтот на Tesla се продаваат различни делови кои можат да обезбедат полнење без пролеми и на различни други станици од компанијата.

Се очекува од компанијата да развијат и спротивна варијанта, што ќе го олесни полнењето на сите видови на автомобили на струја на станиците за полнење на Tesla. Во моментов не се соопштуваат повеќе детали, ниту точен датум кога станиците ќе почнат да работат за сите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK