Судот одлучи – дизел возилата може веднаш да се забранат

ОБЈАВЕНО НА:

Градовите во Германија можат да започнат да ги забрануваат старите дизел автомобили и тоа веднаш. Вака одлучи највисокиот административен суд во земјата, само неколку денови откако Европската Комисија поднесе тужба против Германија за нејзиниот неуспех да го заштити квалитетот на воздухот во нејзините градови.

Германија последните години има проблем со зголеменото ниво на азотни оксиди во поголемите градови како Хамбург, Минхен и Штутгарт поради што германските покраини во кои спаѓаат овие градови уште пред две години воведоа мерки за намалувањето на загаденоста, но истите не вродија со плод.

Сега, административниот суд во Лајпциг донесе одлука со која градовите имаат овластување во секој момент да ги забранат дизел возилата кои не се во согласност со најновите стандарди за емисија на гасови односно кои не го исполнуваат EURO6 стандардот. Во моментов во Германија овој стандард го исполнуваат само 2.7 милиони од вкупно 15 милиони дизел автомобили. Во градови каде што проблемот со загаденоста на воздухот и не е толку голема, судот препорача постепено воведување на забраните почнувајќи од автомобилите со EURO4 стандардот.

Пред неколку месеци во интервју за “Funke Mediengruppe”, министерот за финансии на Германија, Олаф Шолц изјави дека земјата мора да стори се што може за да ги избегне забраните за дизел автомобилите. Во рамките на ова интервју тој ги отфрли повиците владата да понуди финансиски стимулации за добивање на повеќе чисти горилни дизел автомобили и намалувањето на емисиите на штетни гасовид во високо загадените градови. Сепак денес Владата е принудена да застане на страната на забраната и да обезбеди значително подобар квалитет на воздухот.

Прв град кој се одлучи да воведе забрана е Хамбург. Oвој втор по големина град во Германија уште од понеделникот започна со поставување на хоризонтална сигнализација за забрана на дизел автомобилите, а според пишувањата на германските медиуми, до крајот на месецот се очекува овој пример да го следат и останатите поголеми градови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK