Subaru отповикува скоро 900.000 возила

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Subaru ќе започне со постапката за повлекување околу 877.000 автомобили во САД во две одвоени постапки.

Во првата постапка, ќе бидат повлечени илјадници примероци од моделот Subaru Crosstek произведени во периодот од 2018 и 2019 година како и од моделот Forester исто така произведени во истиот период. Причината за ова повлекување се проблеми во спојката помеѓу предниот стабилизатор и останатата конструкција. Поради оваа причина ќе бидат повлечени вкупно 408.271 автомобили.

Втората постапка за повлекување се однесува на моделите Impreza и Crosstek произведени во периодот од 1 јули 2016 до 17 јуни 2019 година односно од 9 мај 2017 до 8 мај 2019 година. Со ова повлекување се опфатени вкупно 466.205 примероци.

Повлекувањето ќе падне на трошок на јапонскиот производител поради што се очекува да има голем негативен импакт врз годишниот финансиски резултат. Останува непознато дали со повлекувањето ќе бидат опфатени и автомобили продадени на европскиот пазар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK