Струмичанец со Zastava 101 возеше до Лондон – се сликаше пред Бакингамската палата

ОБЈАВЕНО НА:

Zastava правеше квалитетни возила, а тоа го покжува и последнио тпотфат на струмичанецот Драги Крстев кој возеше автомобил стар 46 години на рута 3.000 км. за да стигне со својот „101„ до Лондон – без притоа да има проблеми. Иако со себе имаше и гајба резревни делови и две кутии алат, тие ќе му останат во неговиот сервис во Лондон.

Драги Крстев заедно со својот совозач Љубиша Велиновиќ тргнаа во вторникот вечерта од Струмица. Минаа низ Белград, Братислав, Дортмунд, Франкфурт, Брисел.. Се фотографии за спомен и пред седиштетот на ЕУ во Брисел, а направија и фотка од пред резиденцијата на кралицата во Лондон.

Додека патуваа многумина им се чуделе, пред се поради храброста но и со оглед на тоа што возилото е стари, и нема клима уред, па максималната брзина што ја развивале била околу 90 км. Ги користеле прозорците за да влезе воздух, но најважно било да се стигне до цела без проблем.

Лани исто така наши сограѓани имаа патешествие од Стојаково до ница, а потоа и до Пекинг. Тоа траеше три недели.

Ако сте слободни во недела – Да ги пречeкаме јунаците што возеа Renault 4 од Стојаково до Кина

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK