Стратешка одлука – Total купува мрежа на полначи за електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Се поголемата популарност на електричните возила претставува вистинска закана за производителите и дистрибутерите на нафта. Со цел да ги спречи негативните ефекти, францускиот гигант Total ги шири своите бизнис активности на полето на електричните возила.

Компаниајта со седиште во Ил де Франс соопшти дека од Bollore ќе ја откупи најголемата мрежа на полначи за електрични возила во Лондон. Според договорот, францускиот производител ќе откупи повеќе од 1.600 полначи во Лондон и околината.

Инаку ова не е прв пат Total да влегува во овој бизнис. Претходно откупи и мрежа на полначи во Холандија и Белгија, но не толку голема колку оваа.

Според плановите, до 2025 година Total планира да поседува повеќе од 150 илјади полначи за електрични возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK