Stellantis сепак би можел да го повлече името “Чироки”

ОБЈАВЕНО НА:

Минатиот месец главатарот на американското домородно племе Чироки, Чак Хоскин јавно испрати барање до Jeep со кое бар да не се користи називот Чироки кај моделот на Jeep.

“Мислам дека денес, во денешно време во оваа земја време е корпорациите и спортските екипи да ги повлечат од употреба имињата на домородните американци, сликите и маскотите на нивните производи и дресовите” изјави тогаш Хоскин за CarAndDriver.

Иако првично се појавија неофицијални информации дека Jeep нема намера за повлекување на овој назив, сепак првиот човек на новоформираната компанија Stellantis, Карлос Таварес не ја отфрли оваа можност, наведувајќи дека внимателно ќе го разгледаат предлогот.

“Во овој момент не знам дека има реален проблем” изјави Таварез. “Сепак сме подготвени да разгледаме дали има проблем и да одлучиме како ќе постапиме” додаде тој. На оваа изјава одговори и Хоскин кој кажа дека го почитува ставот на компанијата и дека се отворени за добри дискусии.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK