Stellantis го стопираше производството во пет фабрики

ОБЈАВЕНО НА:

Новоформираната компанија Stellantis зад која стојат FCA и PSA објави дека го стопира производството во пет фабрики лоцирани во Северна Америка. Привремениот прекин на производството стартува од следната недела и засегa не е познато со сигурност до кога ќе трае.

Прекинот на производството ќе се одвива во фабриките во Илиноис, Мичиген, Мексико и две во Онтарио. Со тоа привремено ќе биде прекинато производството на моделите Ram 1500, како и сите модели на Jeep и Chrysler.

Причината за прекинот на производството е глобалниот недостаток на полупроводници и чипови што силно ја погоди aвтомобилската индустрија. Овој недостаток досегa ја чинеше втомобилскaтa индустријa околу 60 милијарди евра.

Претходно и Honda, General Motors, Toyota, Ford и Volkswagen го намалија или целосно прекина производството. Засега не е познато кога чиповите ќе бидат широкодостапни, но аналитичарите сметаат дека тоа ќе трае и следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK