Сте чуле ли за Seres 3? Од следниот месец во продажба и во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Од следниот месец Германците ќе имаат можност да го купат електричниот автомобил Seres 3.

Станува збор за целосно електричен SUV модел развиен од страна на Chongqing Sokon Industry Group, кинеска компанија основана во јануари 2016 година која седиштето подоцна го преселува во Санта Клара, Калифронија.

Овој компактен кросовер е со должина од 439 цм, тежи 1.690 кг, а е опремен с оелектромотор кој продуцира максимални 120kW односно 163 КС. Според NEDC стандардите, со едно полнење на 52,5 kWh батерија достигнува автономија од 405 км.

Seres 3

Во внатрешноста централно место зазема 10,25 инчниот екран осетлив на допир, а основната верзија е опремена и со дигитална инструментална табла, навигација, паркинг сензори, алуминиумски тркала и бројни други системи за безбедност и асистенција на возачот.

Seres 3

Почетната цена на овој модел изнесува 26.500 евра во Германија. Кон крајот на годинава, а особено на почетокот на следната овој модел ќе биде достапен за купувaње и во останатите земји од Европската Унија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK