Старите навики не се менуваат – Градскиот Пајак подигна 305 возила за седум дена

ОБЈАВЕНО НА:

Бројките што постојано се објавуваат за бројот на подигнати возила со пајак возилото не се доволна опомена за несовесните возачи во Скопје. За разлика од ПОЦ чиј пајак дејствува на територијата на оптина Центар, ЈП Градски Пајак има ингеренции на територијата на град Скопје. И бројките за претходните седум дена се загрижувачки – вкупно 305 возила биле подигнати.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 21 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 284 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 277 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 21 возилo се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Цената што ќе ја платите ако Пајакот ви го подигне возилото е од 1.500 до 3.500 денари во зависност од тоа дали ќе се појавите во моментот додека го подигаат возилото или пак сте се паркирале на зелена површина и по налог на овластено лице истото е подигнато и однесено во депото.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK