Sсаniа тестира батерии за електричен камион со судир од Gоlf (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Производителот на камиони од Шведска, Sсаniа ја провери цврстината на акумулаторите на новиот електричен камион, откако имаше судир со Vоlkswаgеn Gоlf. Крaш тестот требало да ги потврди резултатите од компјутерската симулација.

За испитувањето е користена вистинска батерија, а не макета, вели шефот на одделот за тестирање на Sсаniа, Микaeл Литмaн. Симулирана е ситуација, која се среќава најчесто во несреќите меѓу автомобил и камион во реалноста и покрај тоа дозволува акумулаторниот блок да биде подложен на најголемиот можен притисок.

Исто така како кај автомобилите, батериите на електричната Sсаniа се проектирани така што енергијата од ударот се апсорбира од целото тело при што може да се деформираат само елементи без критична важност за целоста на конструкцијата. Швеѓаните се фалат дека батеријата на акмионот не е оштетена при судирот.

Sсаniа го претстави првиот електричен камион во септември. Камионот има електромотор со моќност од 310 коњски сили, напојуван е од батерија со капацитет од 165 или 300 кВт. Cо поголемиот акумулатор опсегот без полнење достигнува 250 километри.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK