Спојувањето на FCA и PSA го воскреснува MiTo?

ОБЈАВЕНО НА:

Спојувањето на FCA и PSA Групацијата би можело да го воскресне моделот MiTo.

Во 2018 година заврши производството на најмалиот модел на Alfa Romeo во понудата, но сега италијанските медиуми најавуваат негово враќање и тоа како целосно електричен автомобил.

Новата, втора генерација би се темелела на e-CMP платформата која се користи кај електричните верзии на Opel Corsa и Peugeot 207. Оттука овој модел ќе ја има истата архитектура како и овие модели.

На интернет се појави и рендер па така надворешниот примамлив изглед е инспириран од концептот Tonale кој влегува во производство за една година.

Засега нема потврда за доаѓањето на овој модел, а неговата иднина ќе биде позната по спојувањето кога треба да бидат донесени нови стратешко-развојни планови за секој бренд во новата Групација.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK