Спаси дете – па доби подарок мотор (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Потресен настан, но со среќен крај доаѓа од Индија. На централната железничка станица во Бомбај се случувала целосна драма во која е спасен животот на мало дете.

Поради непознати околности детето се нашло на пругата. Истовремено надоаѓал воз, а едно возраснo лице се обидувало да го спаси. Во тој момент истрчал Мајур Шелк кој ризикувајќи го својот живот, во последен момент успеал да го спаси детето од сигурна смрт.

Ова херојство покрај тоа што наиде на бројни позитивни реакции, не остана и ненаградено. Бројни организации, како и локалните власти, му одадоа голема почит, а за херојскиот чин легендарниот производител на мотоцикли Jawa, му додели целосно нов мотоцикл.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK