Советот за безбедност бара – автоклубовите против ограничувањето на брзината

ОБЈАВЕНО НА:

Советот за безбедност на патиштата во Германија (DVR) неодамна побара општо ограничување на брзината на германските автопати. Пофалбите и критиките веднаш се најдоа на сите страни, но има и несогласувања со предлогот меѓу германските асоцијации на возачите.

„Стратегијата на DVR се совпаѓа со таа на меѓународниот автомобилски клуб FIA Vision Zero. Ете зошто нашата работа е да работиме на сите мерки, кои спречуваат сообраајни несреќи со смртни последици и повреди. Ова вклучува општо ограничување на брзината на сојузните автопатишта. Брзината игра посебна улога во несреќите “, вели проф. д-р Валтер Ајхендорф, кој е претсдател на DVR.

Вториот автомобилски клуб по големина во Германија, ACE, го поддржува решението на DVR да воведе ограничување на брзината на германските автопатишта. Од друга страна, ACV Automobil-Club Verkehr го смета ова барање за непропорционално и ги критикува мотивите, како и земањето на решението како неубедливо.

„Како долгогодишен член на DVR, ACV исто така се чувствува ангажиран со Vision Zero. Секоја смртност значи незамисливо страдање. Секоја трагедија е поврзана и со значителни социјални расходи. Европската комисија сосема правилно се има поставено за цел да го намали бројот на жртвите до 2030 година“, велат од клубот.

Намалувањето од 50 проценти ќе доведе до спасување на околу 1500 жртви. Дури да нема посмртоносни несреќи по германските патишта оваа цел не би можела да биде постигната Во меѓувреме ADAC, најголемиот автоклуб во Германија останува негативен по ова прашање.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK