Сорос купи дел од акциите на Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

И кога не оди најдобро во Tesla, а цената на акциите не е на препознатливото високо ниво, тука е Џорџ Сорос. Инвестиционата компанија која е основана и со која раководи овој милијардер купи значителен дел од акциите на Tesla.

Сорос изминатиов период даде амин на зделка во вкупна вредност од 35 милиони евра кои иако не се голема сума во споредба со активата на компанијата сепак тоа се акции кои не треба да се занемарат.

Со ова Сорос станува поистакнат акционер во американската компанија, а Маск добива значаен соработник и тоа во време кога Tesla и Mаск се наоѓаат на удар на медиумите и државните институции поради последните случувања во компанијата.

Инаку ова не е прв пат Сорос да инвестира во Tesla. Пред неколку години тој откупи дел од акциите на компанијата, но минатата година истите во целост ги продаде. Сепак, последната одлука за повторно купување на акции, аналитичарите ја сметаат како добар сигнал за останатите инвеститори повторно да инвестираат дел од својот капитал во надежната американска компанија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK