Со новите измени: Ќе може да возите до 75 години

ОБЈАВЕНО НА:

Оние што сакаат и можат да возат автомобил и на стари години сега тоа право ќе може да го користат уште пет години плус. Според новите предлог измени, продолжувањето на возачката дозвола за повозрасните возачи од сегашните 70 се зголемува на 75 години.

Според сегашниот Закон, Возачката дозвола се издава со рок на важење од десет години, а на лицата постари од 70 години, со рок на важење до три години.
На лицата кои во време на издавањето на возачката дозвола имаат повеќе од 65 години возраст, возачка дозвола им се издава со рок на важност до денот на навршувањето на 70 години возраст

Возачка дозвола може да се издаде или нејзината важност може да се ограничи и на рокови пократки од роковите врз основа на наодот и мислењето на здравствената установа, содржани во уверението за здравствената и психофизичката способност на лицето.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK