Со новата генерација на Mondeo што доаѓа в година Ford ќе го напаѓа VW Passat

ОБЈАВЕНО НА:

Новаа седма генерација од моделот Mondeo, Ford ќе ја претстави следната, 2021 година, потврдуваат од страна на американскиот производител. Како што пренесува Autocar целта на Ford е со новата генерација да се претстави достоен конкурент на Volkswagen Passat чија продажба минатата година беше за три пати поголема во однос на Mondeo, во Европа.

Покрај стандардните бензински агрегати, новата генерација на Mondeo ќе дојде и со plug-in хибриден погон, а тука покрај седанската е и караванската изведба.

Првата генерација на Mondeo во производство влезе во далечната 1993 година. Оттогаш па се до денес се лансирани шест генерации кои се продаваа на глобалниот пазар, при тоа произведувајќи се во Белгија, Русија и Шпанија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK