Со едно полнење Аudi E-Tron ќе помине и до 400 километри

ОБЈАВЕНО НА:

Одговорните лица од Audi открија делови од техничка информација за однесување на првиот сериски електричен СУВ автомобил. Станува збор за Е-Tron, кој ќе може да помине до 400 километри со едно полнење на батериите.

За разлика од концептот Е-Тron Quattro, кој има по три електромотори, серискиот продукт ќе користи два електромотори. Едниот на предната оска и еден на задната. Моќноста ќе биде доста под 500 коњски сили.

Силата на електромоторите ќе се добива од 95-киловатни батерии, кои ќе се наоѓаат ниско во подот на автомобилот меѓу двете оски. Тежината ќе биде 700 килограми.

Доста сложен е и системот кој ќе ги лади акумулаторите. Тој користи течност која може да се загрева или лади со цел да одржува константна температура меѓу 25 и 35 степени.

Се очекува E-Tron да биде покажан во финална верзија пред крајот на годината, а продажбата да почне во 2019 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK