Снимена новата Skoda Octavia

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата која е закажана на 11 ноември на специјален настан во Прага, на интернет се појави фотографија од немаскираната Skoda Octavia.

Од фотографијата може да се заклучи дека екстериерно, кај овој модел применета е дизајнерската филозофија како и кај повеќето понови модели, а внатрешноста е инспирирана од моделот Scala.

Од претходно е познато дека новата генерација ќе биде подолга во споредба со онаа од актуелната генерација. Во должина таа е нарасната од 466 cm на 470 cm. Ова зголемување ќе придонесе и за зголемување на капацитетот на багажниот простор кој ќе се движи од 590 литри кај седанската изведба до неверојатни 1.740 литри кај комбо изведбата со спуштена задна клупа.

Почетокот на продажбата е закажана за почетокот на 2020 година, а засега не се познати цените.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK