Снимена маскираната Toyota Aygo

ОБЈАВЕНО НА:

Уште минатата година Toyota потврди дека активно работи на развојот на третата генерација на моделот Aygo. Иако засега нема никакви информации околу изгледот, на интернет се појави фотографија од овој модел.

Станува збор за фотографија која е направена за време на тестирањето на овој модел на јавните улици, но поради камуфлажата не може да се утврди толку добри надворешниот изглед.

Засега е познато дека третата генерација во производство, а со тоа и продажба ќе се појави следната година. Производството ќе се спроведе во фабриката во чешкиот град Колин, каде во моментов се произведуваат и моделите од истиот сегмент на Peugeot и Citroen.

Инаку овој модел, кој во понудата се позиционира под Yaris, за прв пат во понудата е воведен во 2005 година и всушност претставува плод на соработката на Toyota и PSA Group.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK