Снимена Honda EV

ОБЈАВЕНО НА:

Нешто повеќе од една година по светската премиера на концепт возилото која се одржа во Франкфут, на интернет се појавија и првите фотографии од маскираниот Urban EV.

За разлика од концептот, серискиот модел ќе има пет врати и место за исто толку патници наместо четири. Овој модел доаѓа и со камери наместо ретровизори и голем екран во внатрешноста.

Во недостаток на повеќе детали, познато е и дека овој модел ќе има автономија од 250 до 350 км со едно полнење.

„Сериската верзија на тој високо оценет концепциски модел ќе биде претставена во Европа кон крајот на следната година. Како резултат на позитивната реакција кон него, очекуваме да ги отвориме нарачките за Urban EV на почетокот на 2019 година“ изјави потпретседател на Honda Motor Europe, Филип Рос. Сепак, поради популарноста и забрзаната популаризација на електричните автомобили, Honda Urban EV во продажба ќе се јави во март следната година, а цената останува засега непознаница.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK