Снимен новиот Hyundai i10

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai ја подготвува третатa генерација од малиот градски автомобил i10. Оваа вест доаѓа откако прототип на овој автомобил беше фатен во момент како се тестира.

Овој автомобил е особено важен за Hyundai на европскиот пазар особено во Италија, Франција и Шпанија каде малите градски автомобили се многу популарни и сочинуваат најголем дел од годишната продажба на нови автомобили.

Третата генерација на i10 во продажба доаѓа оваа година, а за очекување е не толку драстичен екстериер. Нови LED светла, ентериер, инфотејнмeнт, бампери и за малку поголема просторност е она што се очекува кај новата генерација. Секако, тука се и новите бои како и мотори со кои ќе се зголеми понудата нао овој мал автомобил.

Како дел од понудата на јужнокорејскиот производител, овој мал градски автомобил се појавува во 2007 година. Оваа прва генерација на пазарот беше актуелна се до 2013 година кога е лансирана втората, актуелна и во моментов генерација.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK