Снежна авантура на Фетел со Aston Martin DBX (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во првата трка годинава од новата сезона во Формула 1 шампионатот која се возеше во Бахреин, Себастијан Фетел заврши на 15-та позиција од вкупно 20 возачи. Лошото деби остана во сенка благодарение на адреналинското видео кое се појави на YouTube.

Станува збор за видео објавено од страна на Aston Martin, а снимено некаде на крајниот север на земјината топка. На видеото Фетел вози Aston Martin DBX, а фокусот на видеото е во брзинските и останатите технички способности на првиот SUV модел на британскиот производител.

Видеото може да го погледнете во продолжение.

Што се однесува до самиот модел, истиот располага со 4,0 литарски twin-turbo V8 мотор со девет степен автоматски менувач.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK