Скопјани се дисциплинирани – само 33 казнети за пречекорување на брзината

ОБЈАВЕНО НА:

За разлика од претходните денови и недели кога бројките на казнети возачи во Скопје секогаш беше над 200 и 300, па дури еднаш ја надмина бројката од 400 лица, во текот на вчерашниот ден контролите на полицијата утврдиле дека само 33 возачи управувале возило со брзина над дозволената. Тоа е драстично намалување на бројот на прекршители на сообраќајните прописи.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08 октомври) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 125 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 15 лица

Технички неисправни и нерегистрирани возила биле зателнати 8 возила, а 61 возила било подигнато со пајак.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK