Skoda се подготвува за иднината – ќе гради уште една фабрика во Чешка

ОБЈАВЕНО НА:

Чешкиот производител Skoda планира да отвори уште една фабрика во Чешка се со цел успешно да одговори на зголемената побарувачка на автомобили од овој бренд, но и да се подготви за производството на електричните модели кои изминатиот период се најавувани од првите луѓе на Volkswagen Групацијата.

За планот на отворање на фабрика говореше и претседателот на компанијата Бернард Мајер кој откри и дека одлуката за изградбата на новата, трета фабрика треба да се донесе до крајот на првата половина од годинава.

“Минатата година можевме да продадеме и 100 илјади повеќе автомобили да беше поголемо производството” изјави тој алудирајќи на изгубената продажба поради малиот производствен капацитет.

Со евентуалното отворање на оваа фабрика, Чешка ќе ја добие петтата фабрика за производство на автомобили. Во моментов во оваа земја Volkswagen поседува две фабрики, а по една PSA Групацијата и Hyundai Motors.